Шест нови случаи на коронавирус се регистрирани во земјава, од кои петмина потекнуваат од Дебар и биле во контакт со претходно хоспитализираните, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Првата пациентка вчеравечер пристигнала со лет на „Визер“ од Баселона.
– Била свесна дека пред патувањето имала покачена температура, во авионот патувала со заштитна маска и ракавици, се јавила сама на излез од аеродромот, изолирана однесена на клиника за инфективни болести, на сите други 51 патник во авионот дадено е решение за домашна самоизолација, тоа значи дека во нашата земја има вкупно 18 пациенти од оваа болест, изјави Филипче.
На Клиниката за инфективни болести во Скопје има 13 случаи, новите пет случаи ќе се лекуваат во болницата во Дебар каде е прогласена кризна состојба.
– Вчера дијагностицираните од Дебар се хоспотализирани заедно со оваа пациентка која стигнала од Барселона, вкупно има 13 на клиниката, а петте нови во Дебар ќе се лекуваат во болницата во Дебар согласно планот за третман за новодијагностицирани пациенти од овој реигон, има кадар епидемилот и двајца инфектолози. Сите имаат сосема лесна клиничка слика како настинка и сите се во врска со групата од Дебар кои веќе претходно се хоспитализирани на клиниката, рече министерот за здравство.
Во следните денови уште еден специјалист ќе замине во Дебар за да се засили капацитетот во однос на кадарот.
Формиран е главен координативен кризен штаб со кој ќе раковоци премиерот, во него се заемници министри на сите министерства, директор на Центарот за урпавување со кризи и директор на Дирекцијата за зшатита и спасување, со цел целосна координација да се врши во оваа телос о оглед дека со прогласувањето на кризна состојба повеќе институции се внесени во системот на координација на работа на терен на подрчајата каде е прогласена оваа сосотјба.
Никола Ивановски