Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово во четврток со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија од “IV – та Меѓународна Фото колонија – Старо Нагоричане 2019“.
Колонијата се одржа во периодот од 5-10 октомври 2019 година, а на истата учествуваа фотографи од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Учесници на оваа “ IV – та Меѓународна Фотоколонија – Старо Нагоричане 2019“ се : Тома Петернек, Геза Ленарт, Воислав Луковиќ, Јелица Милентијевиќ, Ахмет Хукиќ, Петков Јанчев Димитров, Даракчиев Беила Стојанов, Цветан Гавровски, Душан Доцевски, Дарко Доцевски и Саша Јакимовиќ.
Во текот на времетраењето на колонијата беа посетени Старо Нагоричане, Кокино ( мегалитска опсерваторија), Пелинце – Музејот на АСНОМ, Куклица – Кратово, Осоговски манастир – Крива Паланка, Зебрњак – Куманово и Скопје.
– Беа направени повеќе фотографии а на изложбата ќе бидат презентирани 22 фотографии и истите ќе бидат подоцна претставени во неколку градови. Изложбата е под патронат на Фото Сојузот на Македонија а е помогната од Локалната управа на Општина Старо Нагоричане и финансирана од Народна техника на Македонија. Организацијата на фото колонијата беше изведена од Фото Арт “Ф7“ и Народна техника – Куманово, информираат од НУЦК „Трајко Прокопиев“.
Изложбата во Куманово ќе трае до 04.03.2020.