Спречен обид за шверц на 25 мигранти на магистралата Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Полицијата спречи обид за шверц на 25 мигранти на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка викендов од полициски службеници било сопрено товарно моторно возило „ДАФ“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки управувано од С.Н.(38) од Радовиш.

При преглед на возилото биле пронајдени 26 мигранти, сите од Бангладеш, од кои осум биле малолетници.

Возачот и мигрантите биле приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка, а потоа мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар Табановце.

Никола Ивановски

Leave a Reply