ЖИВОТ БЕЗ СМАРТФОНИ: Пред 53 години Куманово добил автоматска телефонска централа

Сподели со своите пријатели

По дваесетдневно пробно работње, на 18 јули 1967 година во Куманово била пуштена во редовен сообраќај автоматската меѓуградска телефонска централа со која кумановската пошта се приклучила во југословенската автоматска телефонска мрежа.

Loading...

Новата централа во употреба ја пуштил тогашниот претседател на Општинското собрание Јездимир Богдановски, на свеченоста што по тој повод се одржала во Претпријатието за ПТТ сообраќај.

Кога биле поставени првите пешачки премини во Куманово?

Телефонската автоматска централа овозможувала непосредна, брза и квалитетна телефонска врска со над 240 градови во тогашна Југославија, кои исто така биле вклучени во мрежата.

Централата имала големо значење за стопанството во општината бидејќи значително ги зголемила и забрзала комуниакциите на работните организации со градовите во тогашната СФРЈ.

Кој ја донел првата фудбалска топка во градот и уште 15 малку познати факти за кумановскиот спорт

Автоматската централа имала 12 канали, со можност за уште толку. Централата во тој момент располагала со 500 броеви, а биле создадени можности до крајот на годината да се вклучат нови 200 претплатници.

Македонскиот огранок на ОЗНА бил формиран во Куманово, а ова биле првите соработници

Loading...

За набавката и монтажата на центрлата биле потрошени тогашни 200 милиони стари динари, а монтажните работи ги извеле техничарите од фабриката „Никола Тесла“ и ПТТ претпријатијата од Куманово и Скопје.

Извор: „Наш весник“ број 138 (сабота, 1. јули 1967. година)

Leave a Reply