Основачот на „Спејс Екс“ и извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск е во потрага по работници и не му е гајле за образованието на кандидатот.
„Придружете се на Одделот за развој на вештачка интелигенција на Тесла! Ќе ми одговарате директно на мене, и ние ќе се сретнуваме или испраќаме е-пошта/пораки скоро секој ден“, напиша Маск на својот профил на Твитер.
Чудни правила кои Илон Маск ги следи за успех
Бидејќи Маск е познато дека е малку ексцентричен, потрагата по вработени преку социјална мрежа не е изненадувачки, но она што е е потрагата по работници без диплома.
„Докторатот дефинитивно не е услов. Не ми е грижа ниту дали завршивте средно училиште“, напиша шефот на Тесла.
Наместо диплома, производителот на електрични автомобили бара некој со „длабоко разбирање на вештачката интелигенција“ и иако „образованието е ирелевантно“, сите апликанти мора да го положат потребниот тест за кодирање, додаде тој, и треба експерти за вештачка интелигенција за развој на автономни возила во Тесла.
Илон Маск ќе ја започне колонизацијата на Марс
Ова не е првпат Илон Маск да изјави дека факултетската диплома не е важна.
„Ако некој има завршено колеџ, тоа може да биде показател дека лицето ќе може да прави големи работи, но не е потребно како што ни покажуваат луѓе како Бил Гејтс, Лери Елисон или Стив Џобс. Тие не дипломираа, но кој и да добие шанса да ги вработи, тоа би било одлична идеја“, рече Маск уште во 2014 година.