Овие држави имаат чудни правила: Во некои не смеете да се фотографирате

Сподели со своите пријатели

Законите се различни насекаде, а понекогаш и работите што ни изгледаат банални можат да не одведат во затвор или, во најдобар случај, можеме да испаднеме непристојни во одредени делови на светот.

Loading...

Старата изрека: „Кога сте во Рим, однесувајте како што се однесувале Римјаните“,сè уште важи насекаде, пишува „Bright side“.

Ова се дел од најсмешните и најбизарни закони во светот

Значи, следниот пат кога патувате некаде, информирајте се навреме што е дозволено во земјата што ја посетувате, а што не.

Се разбира, многу е поважно да знаете што не мора да правите во одделни земји за да не се посрамите или го прекршите законот.

1. Бакшиш во Јапонија

Можеби не е задолжително да не се остави бакшиш во Јапонија, но во некои случаи се смета за исклучително непристојно. Дури можете да видите на крајот на сметката дека истата е платена целосно, така што не се потребни никакви бакшиши.

ПОБИЗАРНО НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ: За овие секс закони сигурно не сте слушнале

Loading...

2. Делење на сметки во Франција

Се смета за непристојно кога станува збор за заедничко плаќање на сметките во Франција. Ова е затоа што воопшто не сакаат да зборуваат за пари. Меѓутоа, ако сте во поголема група на луѓе, можете да одлучите да ја поделите сметката меѓу себе.

3. Мавтање на било кого во Грција

Во Грција, покажувањето на вашата дланка е повеќе навредливо отколку поздрав. Повеќе за нив е повеќе како да кажете: „Јас те отфрлам“.

13 чудни закони од Австралија

4. Допирање на личност од спротивниот пол во Индија

Во Индија, се смета за исклучително непристојно, ако допрете личност од спротивниот пол.

5. Фотографирање без согласност во Обединетите Арапски Емирати

Loading...

Според сајбер-законите во оваа земја, ова се смета за кривично дело. За прекршување на овој закон, можете да бидете во затвор 6 месеци и треба да платите казна од 136,000 американски долари. Ова особено важи ако поставите фотографија на социјалните мрежи.

9 необични закони во светот кои МОРА да ги знаете!

6. Прескокнување ред во Австралија

Ова е секогаш табу тема ако сте во Австралија или Англија. Ова правило се применува кога се користи јавен превоз, во трговски центри, пабови или на кое било друго место. Секогаш почекајте си го својот ред и сè ќе биде добро.

7. Одење на патеки за велосипедисти во Холандија

Велосипедизмот е главно транспортно средство во Холандија и секогаш е голем метеж. Значи, ако одите по велосипедската патека, големи се шансите дека еден од нив ќе ве удри. Затоа е најдобро да се држите до патеката за пешаци и да ги намалите сите ризици.

Ако се маскирате на Карибите или плукнете во Барселона ве очекува казна – Бизарни светски закони

8. Правење на знакот „ОК“ со раце во Турција

Loading...

Овој потег во Турција е исто како да се покажува среден прст. Истото правило важи и за Германија и Бразил.

9. Климнување и одмавнување со глава во Бугарија и Албанија

Обично климнување на главата нагоре и надолу значи одобрување, и движење на главата лево – десно значи негодување. Важно е да знаете дека во Бугарија и во Албанија важи спротивното.

Луди и бизарни закони во САД

10. Хранење птици во Сингапур

Хранење птици, фрлање ѓубре насекаде и гума за џвакање ќе ве доведе до огромни казни во Сингапур.

Loading...

Leave a Reply