Најскапото вино не е ниту италијанско, ниту француско: Ова шише вино чини 35.000 евра (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Најскапото вино во светот во 2019 година не било ниту италијанско ниту француско, пишува италијанската Република, туку вино од Унгарија.

Loading...

Дваесет шишиња, од литар и половина ја прават ексклузивната колекција на Royal Tokaji Essencia во Унгарија, а едно шише од таа колекција чини 35.000 евра.

Ова слатко вино се произведува на североисточниот дел на Унгарија, а е направено уште од бербата во 2008 година.

Шишињата биле дизајнирани од уметникот Џејмс Каркас, а секоја од 20-те има тапа направена токму за нив во Португалија.

Рокот на траење е до 2300 години. Досега се продадени 11 шишиња од таа колекција.

Цената е одредена од голем број фактори, велат од Република, вклучително и „благородна мувла“, која е одговорна за уникатниот вкус на виното.

Производителите велат дека ова вино нема да може повторно да се произведува со своја уникатна арома.

Leave a Reply