Кумановското средно училиште „Киро Бурназ“ доби стручна опрема во рамки на проектот на Министерството за образование и наука за набавка на стручна опрема за средните училишта во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство, соопштија денеска, надлежните од ова училиште.
Оттаму појаснуваат дека станува збор за проект за развој на вештини и поддршка на иновации, Скилс проект.
Покрај, стручна опрема, како што се трактор, соларна сушара за овошје и зеленчук, сет за хирурушки интервенции, училиштето доби и информатичко-компјутерска техника, меѓу нив 20 комјутери, два преносни компјутери, смарт табла, проектор, професионални и канцелариски печатачи и скенери, камера.
-Со опремата значително ќе се подобри квалитетот при изведување на практичната настава во училиштето. Воедно, добиената опрема ќе ги модернизира условите за одржување на квалитетна настава-изјави директорката на училиштето, Весна Трајковска.
Опремата е исклучиво наменета за учениците од земјоделско-ветеринраната струка, додека ИКТ опремата е наменета за учениците од останатите профили. Училиштето кое се наоѓа во кумановското село Којнаре, доби и донација, возило од американскиот државјанин, инаку поранешен волонтер во мировниот корупс во ова училиште Дејвид Харденберг и неговата сопруга Сузан, кои лично донирале средства за набавка на возилото.
Во училиштето настава следат 475 на македонски и 54 ученици на албански наставен јазик во повеќе стручни профили агротехничар, техничар за агроменаџмент, техничар по ветеринарна медицина, техничар за фитофармација, градинар, цвеќар од земјоделско ветеринарната струка. Во училиштето има и прехранбена, хемиско-технолошка и машинска струка со повеќе профили.