Тинејџер со Go pro камера реши мистерија стара 27 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога канадскиот тинејџер Макс Веренка (13) од Ревелсток, Британска Колумбија открил потонат автомобил на дното на езерото Грифин, тој немал претстава дека ќе и помогне на полицијата да го реши 27-годишниот случај.

Loading...

Веренка се наоѓал на езерото кога на длабочина од 4,5 метри забележал нешто што личело на превртено возило. Ја известил полицијата и ги однел на местото на настанот, а потоа се нурнал со неговата камера GoPro и снимил што пронашол.

Бидејќи било потврдено дека се работи за потопен автомобил, екипа на полициски нуркачи пристигнала три дена подоцна, зачудени кога го пронашле телото на 69-годишната Џенет Ферис од островот Ванкувер, која исчезнала пред 27 години.

„Ги одведовме со нашиот брод, им го покажавме местото“, рече Веренка за CTV News.

Нуркачите извадиле регистарска табличка и се покажало дека автомобилот му припаѓал на Џенет Ферис, која исчезнала во 1992 година, додека со нејзиниот автомобил одела на венчавка во Алберта. Полицијата не верува дека станува збор за кривично дело, туку дека слетала од патот за да не се удри во животно и потоа паднала во езерото.

„Кога за прв пат слушнавме дека некој е во автомобилот, срцето ми се спушти“, вели мајката на Макс, Ненси Веренка.

Канадската кралска полиција (РЦМП) го пофали тинејџерот за остриот поглед и му се заблагодари за неговата „исклучителна“ детективска работа, благодарение на што тие го решија случајот, кој завршил во фиока.

„Кралската полиција ќе го има предвид овој човек како иден кандидат за работа“, рече инспекторот Томас Блекни.

Loading...

Семејството на исчезнатата жена конечно најде мир.

„Мислам дека најлошото е кога не знаете што се случило“, рекол нејзиниот син Џорџ Ферис (62) за CTV News.

– Ова е сè уште среќен крај, затоа што сега знаеме каде починала и дека станува збор за несреќа.

Leave a Reply