Вкупно 76 казни изрекла кумановската полиција во текот на оваа работна недела, а најголем дел од нив биле поради управување возило со брзина над дозволената.
– Во текот на изминатата недела, СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 76 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 15 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, 10 за управување возило без возачка дозвола, 6 за мотоциклисти кои не поседувале кациги и 3 одземени возила поради нерегистрираност, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Акциските контроли, додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.
Никола Ивановски