Две лица од Куманово, во својата осма деценија животот, вчера физички се пресметале во Ајдушка Чешма, а едниот завршил во болница.
– На 26.08.2026 во 22:45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ц.К.(75) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден околу 21:00 часот во населба „Ајдучка чешма“ во Куманово, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Ц.К. (75) и Б.П.(76), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при физичката пресметка, со тешки телесни повреди се здобил Б.П., констатирани во Општа болница во Куманово.
– По целосно документирање на случајот против Ц.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. стои во соопштението.
Никола Ивановски

