21-годишник од Куманово возел мотор без возачка, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец бил приведен откако полицијата констатирала дека упправувал мотор без положен возачки испит.

– На 26.08.2026 во 16:20 часот на улица „Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ѓ.(21) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле мопед со кумановски регистарски ознаки, кој Н.Ѓ. го управувал без положен возачки испит.

– По насоки на јавен обвинител, мопедот бил одземен и по целосно документирање на случајот против Н.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Никола Ивановски