Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд, кој е хоспитализиран во Националната болница во Осло од 17 август поради компликации предизвикани од болеста на крвта од која страда, се смета за „исклучително сериозна“, се вели во соопштението од кралската палата.
Харалд (89), најстариот жив монарх во Европа, се качи на тронот во 1991 година.
Тој со години има сериозни здравствени проблеми, но одбива да абдицира и да му го препушти норвешкиот престол на својот син и наследник, принцот Хакон.
Неговото влошување на здравјето се совпаѓа со периодот во кој норвешкото кралско семејство е потресено од скандали поврзани со сопругата на Хакон, крунисаната принцеза Мете-Марит.
Објавувањето на документите од случајот Џефри Епштајн во САД на крајот на јануари ја донесе во јавноста нејзината преписка со него од 2011 до 2014 година, кога тој веќе беше осуден за сексуални злосторства.
Принцезата се соочи и со правни проблеми со својот син од претходна врска, 29-годишниот Мариус Борг Хејби, кој беше осуден во јуни на четири години затвор за две обвиненија за силување и 32 други обвиненија за насилство. Тој поднесе жалба на пресудата.
Самата Мете-Марит страда од неизлечива белодробна болест и во јули беше подложена на трансплантација на бели дробови.

