Тринаесет мигранти се загушиле во контејнер од камион во која биле превезувани кон плажата на западот од Либија, соопштува тамошниот Црвен крст. Мигрантите имале намера да го преминат Средоземното море и да стигнат до Европа.
Тоа е последна во низата трагедии со мигранти од Африка или БЛискиот исток кои тргнуваат од Либија, земјата во која владее хаос, во обид да стигнат до европско копно, пренесува АП.
Во вторник вкупно 69 мигранти биле пронајдени во камион кој ги превезувал до плажата во Комс, град 115 километри од Триполи. Тринаесет починале, меѓу кои две деца,, а останатите биле префрлени во центарот во Комс, прецизира либискиот Црвен крст.
Мигрантите четири дена биле затворени во контејнерот.
Loading...