68 лица загинаа во авионската несреќа во Непал

Сподели со своите пријатели

Спасувачите во понеделникот ја продолжија потрагата во Непал по четири лица исчезнати по најтешката авионска несреќа во земјата во последните 30 години, соопштија властите.

Loading...

Досега се пронајдени телата на 68 лица, од 72, кои биле во авионот АТР 72 во сопственост на Јети ерлајнс, кој се урна во туристичкиот град Покара неколку минути пред слетувањето во неделата, иако временските услови беа поволни.

Во авионот кој летал од Катманду до Покара, почетната точка за експедиции до познатата планина Анапурна, имало 57 непалски државјани, петмина Индијци, четворица Руси, двајца државјани на Јужна Кореја и по едно лице од Аргентина, Ирска, Австралија и Франција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Полицаец од Похара рече дека потрагата по преостанатите патници, кои сега се сметаат за исчезнати, продолжува.

„Ќе извлечеме пет тела од кањонот и ќе продолжиме да ги бараме преостанатите четири кои сè уште не ги најдовме“, изјави Ајај К.Ц. за Ројтерс, додавајќи дека преостанатите 63 тела се испратени во болница.

Спасувачите бараат и црни кутии од леталото, кои ја снимаат комуникацијата помеѓу авионот и контролата на летот и сите податоци за летот.

Во понеделникот Непал прогласи национален ден на жалост и формираше комитет за истрага на оваа несреќа, кој ќе има задача да предложи мерки за избегнување на вакви несреќи во иднина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пашинјан: Ереван е подготвен да потпише мировен договор со Баку

Најавено е дека телата ќе им бидат предадени на семејствата по идентификација и обдукција.

Loading...

Речиси 350 луѓе загинаа од 2000 година во авионски и хеликоптерски несреќи во Непал, кој е дом на осум од 14-те највисоки планински врвови во светот, вклучувајќи го и највисокиот – Еверест.

Во Непал, ненадејните промени во временските услови се доста вообичаени, а тоа може да ги направи условите за летање многу опасни.