5 сцени од поплавената Австрија кои изгледаат како крај на светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Досега неколку луѓе загинаа во Романија во поплавите предизвикани од бурата Борис, која донесе обилни дождови и бури во централна и источна Европа, соопштија во саботата спасувачките служби.

Од четврток, делови од Австрија, Чешка, Унгарија, Романија и Словачка беа погодени од силен ветер и невообичаено обилен и силен дожд.

Во Австрија рано наутро во неделата, железничките линии беа прекинати на истокот на земјата, а затворени се и неколку метро линии во главниот град Виена, каде што реката се закануваше да се излее од нејзините корита, јавува новинската агенција „АПА“.

Службите за итни случаи направија речиси 5.000 интервенции во текот на ноќта во провинцијата Долна Австрија, каде што поплавите заробија многу жители во нивните домови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тотална контрола: Талибанците почнуваат да го исклучуваат интернетот низ целата земја

Во текот на викендот и во понеделник наутро на социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од катастрофата што ја погоди Австрија.

Од огромниот снег во Салцбург, преку поплавените улици во Виена, па сè до луѓето кои се обидуваат да излезат од потопените градови.

Според официјалната прогноза во Австрија, врнежите ќе престанат во ноќта помеѓу понеделник и вторник, а од вторник, 17 септември, во наредните седум дена се очекува стабилно време со температура од 19 до 22 степени.

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најавени 250 протести низ цела Франција: Се очекуваат 800.000 луѓе

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалното затоплување е одговорно за два од три смртни случаи од топлина летово во Европа