5 митови за животните во кои најголемиот дел од луѓето веруваат

Сподели со своите пријатели

Голем број митови за животните доаѓаат од цртаните филмови, а ние ви пренесуваме 5 најпопуларни, оние за кои сигурно сте слушнале… Повеќето луѓе сè уште веруваат дека се вистинити…

Loading...

1) Зајаците сакаат моркови, глувците сирење

 

 

Во светот на митовите, морковот за зајак е она што е бананата за мајмунот. Единствено што е побезбедно од зајаче со морков е глушец со сирење. Освен ако не ставите големо парче сирење во замката, глувчето никогаш нема да влезе во стапицата.

Цртаните филмови го направија тажен животот на зајаците. Доволно е да се каже дека секоја веб-страница за зајаци има предупредување „Ако се обидете да нахраните зајак со морков, тој ќе умре“.

Во однос на глувчето и сирењето, глувците имаат многу чувствително чувство за мирис, а повеќето сирења имаат силни мириси од кои глувците буквално бегаат.

Loading...

Една неодамнешна студија откри дека глувците ги одбива храната како што е сирењето, а дека ги привлекуваат житарките и овошјето.

2) Биковите ги иритира црвената боја

 

 

За многумина од нас, единствениот дел од шпанската култура за кој знаеме е дека се собираат на стадиони, каде маж во смешен костум мавта кон лут бик со парче црвена крпа за да го направи дури и пожесток.

И тогаш, во еден момент од животот, сигурно во цртан филм, сте виделе дека црвената боја е она што го лути бикот.

Зошто е ова само мит? Бидејќи биковите во реалниот живот се далтонисти. Она што ги лути биковите е мавтањето со платното пред нивните очи.

Loading...

3) Камилите ја складираат водата во нивните грби

 

 

Во реалноста, камилите не чуваат вода во нивните грби, туку масти.

Маснотиите се многу покорисни од водата во пустината затоа што им дава на камилите енергија што им е потребна за да го продолжат нивниот метаболизам.

Запомнете дека храната, како водата, е многу ретка појава во пустината.

4) Птицата ги остава своите пилиња ако ги допрете

Loading...

 

 

Птиците ретко користат чувство за мирис, а наместо тоа, се потпираат на очите и ушите. Не, таа не може веднаш да почувствува кога нејзиното бебе е заразено со човечки мирис што останува на неа откако ќе ја допрете.

Ако најдете птица под дрво, најверојатно испаднала од гнездото и иако мајката нема да ја остави затоа што ја допревте, не ја преместувајте на друга локација бидејќи тоа само ќе го издвои од мајката, која веројатно во тој момент бара храна.

5) Ако ја прсечете глистата на половина, ќе добиете две

Loading...

 

 

За повеќето деца, ова беше нивниот прв допир со биологија. Тие наоѓаат црв, го пресекуваат на половина – и се случува чудо: и двете половини се сè уште живи!

Идејата да го пресечете црвот на половина и да добиете два е исто толку луда како да го направите тоа со крава или куче.

Loading...

И, зошто се движат двете половини? Затоа што тие се стегаат од големата болка што им ја нанесовте, додека ги „испуштаат“ последните нервни сигнали.


Leave a Reply