45 години затвор за најбараниот колумбиски нарко бос

Сподели со своите пријатели

Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД откако рече дека ја прифатил одговорноста за своите постапки.

Loading...

Отониел со години важеше за еден од најопасните нарко босови во светот.

 

Упасениот колумбиски нарко бос соработувал и со кланови на Балканот

 

Тој беше шеф на картел кој контролираше голем дел од северна Колумбија.

„Им се извинувам на владите на Соединетите Американски Држави и Колумбија и на жртвите на злосторствата што ги направив“, изјави 51-годишниот Отониел преку судски преведувач.

 

Loading...

НОВИОТ ЕСКОБАР: Како падна Отониел, најголемиот колумбиски нарко бос? (ФОТО)

 

Во јануари, тој се изјасни за виновен по обвиненијата за трговија со дрога, признавајќи дека го надгледувал шверцот на тони кокаин во САД.

Американците се договорија да не бараат доживотна затворска казна за да го екстрадираат од Колумбија.

 

Упасениот колумбиски нарко бос соработувал и со кланови на Балканот

 

Адвокатите се обидоа да го прикажат Отониел како производ на несреќните околности во неговата татковина – човек роден во сиромаштија, опкружен со герилска војна, регрутиран на 16-годишна возраст и закоравен од загубата на најблиските.

Loading...