НОВИОТ ЕСКОБАР: Како падна Отониел, најголемиот колумбиски нарко бос? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Најбараниот колумбиски дилер на дрога и водач на кланот дел Голфо, Даиро Антонио Усуга, познат како Отониел, е уапсен во специјална полициско – воена операција во која беше убиен еден полицаец.

Loading...

Ова апсење е веројатно најголемиот удар за нарко – мафијата во Колумбија досега.

Колумбија понуди награда до 3 милијарди пезоси (околу 800.000 американски долари) за информации за тоа каде се наоѓа Отониел, додека американската влада објави награда од 5 милиони долари.

Како што јавува вечерва Би-Би-Си, Отониел ќе биде екстрадиран во САД.

 

 

Стејт департментот на САД го опиша како „тешко вооружен и екстремно насилен“.

Loading...

Тој стана водач на озлогласената нарко-банда откако прво беше левичарски герилец.

Колумбискиот претседател Дуке Маркез претходно го потврди апсењето на Отониел во телевизиско обраќање до нацијата, велејќи дека „ова е споредливо само со падот на Пабло Ескобар во 1990-тите“.

„Отониел беше еден од најопасните трговци со дрога во светот кој предизвикуваше најголем страв, убиец на полицајци, војници, политичари, регрутираше и малолетници“, додаде тој, завршувајќи го говорот со зборовите: „До сите криминалци и шверцери на дрога: или предадете се или ќе дојдеме по вас“, рече Маркез.

Како падна најголемиот колумбиски наркобос?

Отониел има 50 години. Тој беше уапсен во рурална област на колумбискиот регион Ураба, лоцирана во провинцијата Антиокија, во близина на границата со Панама.

 

 

Loading...

Во акцијата за негово апсење учествувале 500 војници, а биле користени и 22 хеликоптери.

Според Би-Би-Си, Отониел користел мрежа од рурални безбедни куќи. Се преместувал од една во друга и така се криел од властите. Тој не користел мобилен телефон, туку комуницирал по курир.

Во минатото, полицијата пронашла специјални ортопедски душеци дизајнирани за Отониел во претходните куќи што ги користел за криење. Се вели дека ги користел овие специјални душеци поради болки во грбот што ги има поради хернијација на диск.

Ел Тиемпо објави дека властите успеале да ја одредат точната локација каде тој конечно бил фатен во саботата пред две недели.

Началникот Варгас рече дека неговите движења биле следени од повеќе од 50 информатори со помош на сателитски снимки.

Во потрагата биле вклучени американски и британски агенции.

 

Loading...

 

Дуке ја опиша операцијата како „најголемиот пробив во џунглата што некогаш бил забележан во воената историја на земјата“.

Кој е точно Отониел и како стана најголемиот наркобос во Колумбија?

Роден во Антиокија во раните 1970-ти, Отониел поминал низ редовите на герилските и паравоените групи – вклучувајќи ги ФАРК (Револуционерни вооружени сили на Колумбија), главната марксистичко – ленинистичка бунтовничка група, но исто така и Обединетите сили за самоодбрана на Колумбија (AUC), екстремно десничарска паравоена организација и банда за шверц на дрога.

Кога AUC се распаднала во 2005 година, тој почнал да работи за нарко – босот Даниел Рендон Херер, познат како Дон Марио, шефот на Урабењос, нарко банда која подоцна стана позната како Заливскиот клан.

Отониел потоа ја презеде контролата врз групата откако нејзиниот претходен водач беше убиен од полицијата во рација на новогодишната забава пред речиси 10 години.

Loading...

 

 

Колумбиските безбедносни сили ја опишаа бандата како најмоќната криминална организација во земјата, додека американските власти ја опишуваат како „високо вооружена и крајно насилна“.

Бандата, која работи во многу провинции и има големи меѓународни врски, е вклучена во трговија со дрога и луѓе, илегално ископување злато и изнуда.

Loading...

Се верува дека има околу 1.800 вооружени членови, главно регрутирани од екстремно десничарски паравоени групи. Членовите се уапсени во Аргентина, Бразил, Хондурас, Перу и Шпанија.

 

 

Бандата контролира многу канали кои се користат за шверц на дрога од Колумбија до САД, па дури и до Русија.

Loading...

Колумбиската влада, сепак, верува дека со своите постапки ја десеткувала организацијата на Отинел, принудувајќи многу водечки членови да се кријат во оддалечените региони во џунглата.

Отониел сега се соочува со голем број обвиненија, вклучувајќи испраќање пратки на кокаин во САД, убивање полицајци и регрутирање деца.

Тој беше обвинет во САД во 2009 година.