4 женски бон -тон правила за добар секс и уживање

Сподели со своите пријатели

Ако мислите дека водењето љубов е лесна работа, тогаш многу се лажете. Постои цела листа на правила, па така почитувани дами, потрудете се да ги почитувате барем основните, за да мажите не ви бегаат како попарени.
Правилото број еден наложува, секоја дама да биде уредна и чиста
Ништо не може да го одбие мажот како женската неуредност. Затоа, секогаш бидете истуширани пред секс, и потрудете се да имате време за депилација, барем на клучните места, како што се вашите мишки и препони.
Чорапи
Жените во свилени чорапи, во 95 насто од случаите изгледаат секси. Но, во чорапи со подвезици, а не во волнени или памучни чорапи кои сте ги носеле цел ден. Во спалната соба, мажот не заслужува според чорапите да оценува колку се чисти вашите подови.
Не зборувај глупости
Некои мажи сакаат тишина, додека некои сакаат да зборат за време на сексот. Сепак, поведете сметка за тоа што зборувате. Дали треба да се вароса плафонот или тоа дека сте заборавиле да ја промените постелнината, може да се слушне од вас и после сексот, а може и не мора да се дознае воопшто. Затоа, подобро молчете.
Не прашувај како му било во кревет
Никогаш не го прашувајте мажот за тоа, како му било додека имал секс со вас. Наместо тоа прашање, преземете иницијатива и кажете му дека било феноменално, дека сексот уште ви се мотка низ глава и слично. Жалбите оставете ги за другарките, бидејќи, и така и така, вие ќе им раскажете за секој детал посебно.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.