Српски државјанин баран од Германија и Австраија преку Интерпол, вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.
Loading...
– На 28.07.2024 во 22.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(34) од Република Србија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека бил баран од Интерпол Германија и Интерпол Австрија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски