300.000 денари од Општина Куманово за пријателски Драч

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово едногласно денеска одлучи со 300.000 денари од Буџетот да упати помош до албанската општина Драч која пред два дена беше погодена од катастрофален земјотрес во кој животот го загубија десетици лица.

Loading...

Ваквата одлука беше донесена на вонредната седница, а средствата ќе се издвојат од ставката средства за Советот на Општина Куманово, тековни резерви, а парите ќе се искористат да се набави храна и хигиенски препарати кои ќе бидат упатени кон збратимената општина Драч.

– Се подразбира дека не постапуваме на вообичаен начин особено кога се вакви причините кога мотивот е солидарноста хуманоста, сочувството емпатијата со нашите браќа од Драч, со нашите соседи кои често ги посетуваме во туристички и други цели, родниснки и пријателски, тогаш нема простор и причина за поделба и разделба ниту политичка, верска, ниту на национала основа. Постапувањето на членовите на советот, администрацијата и граѓаните кои се одзваа на повикот за помош го потврди високиот степен на свест на жителите на Куманово, поврзаноста и подготвеноста веднаш да се помогне каде што е потребно, рече Атина Мургашанска, претседател на Советот.

Пораки за сочувство и поддршка упатија и дел од советниците.

– Ги сожалувам фамилиите што ги изгубија животите и нивните блиски, на повредените им посакувам најбрзо здравје во општина Драч. Откако се случи ова сите граѓани на Република Македонија беа многу оргнаизирани и солидарни за да помагаат и беа многу сложни во нивните акции за помош, значи ова е добро и ви благодарам, рече советникот Фатмир Идризи

– Во име на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата да им изразам сочувство на настраданите од земјотресот во соседна Албанија и да кажам дека ние како советничка група ќе поддржиме било каква помош што Општина Куманово ќе ја даде на соседна Албанија и на пријателскиот град Драч, рече советникот Драган Петковски.

– Повеќе од потребно е да се обезбедат вакви средства, поради големиот број загинати и повредени лица кои се наоѓаат под отворено небо, поддржуваме било какви средства да бидат обезбедени. Само тоа што градот Скопје во 1963 година беше разрушен и е познат како град на солидарноста и изграден со помош на целиот свет, ние сме тие како соседи кои треба да обезбедиме помош на градот Драч и другите населени места, изјави Александра Андоновска од СДСМ.

– Јас ќе го користам овој случај од тука да изразам сочувство на сите семејства кои ги изгубиле свите блиски, на тие што се повредени што побрзо закрепнување, пофалби за градоначалникот кој ја презема оваа иницијатива и претседателот на Советот и сите присутни советници кои покажавте подготвеност за хуманост. Не е прв пат ова, која нас не соединува сите, ќе им се заблагодарам на сите граѓани без ралзика на верска и национална припадност што преземавме иницијатива и активност за хуманитарна помош, да ги спасиме луѓето, да им ја омекнеме болката на на луѓето кои се под урнатини, изјави советникот Фериз Дервиши.

Loading...

– Изразувам сочувство на семејствата кои имаат штети, ви се заблагодарувам на вас кои сте присутни и овој акт на солидарност да биде почеток кој ќе ја покаже хуманоста на градот Куманово, рече советникот Флорим Имери.

Сепак според дел од нив станува збор за мали средства и упатија апел градоначалникот да изнајде решение во иднина на оваа првична помош да се додадат дополнителни средства.

Leave a Reply