Триесет крвни единици се собрани на втората летна крводарителска акција во Куманово, соопштија денеска од Црвен крст, општинска организација Куманово.
Loading...
И оваа акција Црвениот крст ја организира заеднички со Институтот за трансфузиона медицина и се одржа во објектот на поранешен „Хотел Солун“.
Во Куманово во текот на летото се организираат две летни крводарителски акции во јули и август.
На годишно ниво во градот се одржуваат 40 крводарителски акции на кои според податоците од општинската организација на Црвениот крст Куманово лани биле собрани околу 2.300 крвни единици.