29-годишник од Куманово возел со 1,72 промили, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишник од Куманово бил приведен рано утринава откако полицијата констатирала дека возел со 1,72 промили алкохол.

– На 08.08.2026 во 03:34 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј.(29) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај полициски службеници запреле патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., при што било утврдено дека возилото го управува под дејство на алкохол односно му биле измерени 1,72 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред угостителски објект, полицијата ги привела

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски