20 мотоциклисти казнети вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет казни вчера напишала кумановската полиција на возачи на мотоцикли, најголем дел за неносење кацига.

Loading...

– На 12.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 20 возачи. Од нив, 11 не користеле заштитна кацига, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Три лица биле казнети оти управувале мотоцикл без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, а двајца мотоциклисти биле санкционирани за измината важност на сообраќајната дозвола.

– Една мерка е изречена за управување на нерегистриран мотоцикл. При акциската контрола констатирани и соодветно санкционирани се и други видови прекршоци, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 претстави на годинешното издание на „Денови на комедија“ (ВИДЕО)

Засилените акциски контроли, порачуваат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски