2.000 деца од Скопје по земјотресот се школувале во Куманово

Сподели со своите пријатели

По извршениот попис на подрачјето на Кумановската околија по земјотресот кој го разурна Скопје во 1963 година, бројот на евакуирани изнесувал 9.683, од кои 2.830 биле деца од училишна возраст. Бројката сепак варирала, па околу 2.000 деца се школувале на подрачјето на Куманово.

Loading...

Во Куманово тогаш имало осум училишта од втор степен. Во нив се образувале 2.398 ученици. По земјотресот што го разурнал Скопје на подрачјето на Куманово се зголемил бројот на ученици. Од податоците по извршениот упис на учениците низ училиштата можело да се види дека само во гимназиите во Куманово, Кратово и Крива Паланка се запишале над 200 ученици, во Економското училиште имало 33 ученици, во Учителската школа 26, Металниот центар добил 13 нови ученици. Вкупно во училиштата од втор степен имало 273 скопјани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 800 парчиња пиротехника пронајдени кај жител на Матејче

Сепак многу поголем бил приливот во основните училишта. Од уписот можело да се види дека имало 697 ученици во Куманово, околу 300 во Крива Паланка, во Кратово околу 150, во Липково 100, во Орашец 62 ученици, а во Старо Нагоричане околу 40 или вкупно во основните училишта имало запишано 1.349 ученици за кои требало да се обезбеди школување.

Заедно со учениците запишани во средните училишта бројката изнесувала околу 2.000 ученици, која подоцна и се зголемила.

Во Куманово имало 10 училишни згради со 120 училници. Во нив се образувале 2.389 ученици во средните и 7.089 ученици во основните училишта. Тоа значело вкупно дека во Куманово заедно од 1963 година се образувале 9.407 деца. Иако просторот бил ограничен и мал, сепак биле прифатени сите ученици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран паркингот кај Соколана (ФОТО)

Во училиштата од прв степен во кои било предвидено да се отворат нови паралелки, недостасувале 30 учители за одделенска настава и околу 20 наставници за работа во вишите одделенија на основните училишта.

Извор: „Наш весник“ бр. 46 (05.09.1963 година)