1944 ГОДИНА: Последните мигови пред ослободувањето на Куманово!

Сподели со своите пријатели

Единаесетти ноември е Денот на ослободувањето на Куманово. Што точно се случило на овој ден пред 78 години во продолжение низ сеќавањето на Драги Илиевски Шодер, тогаш 18-годишен партизан на ОЗНА (Одделение за заштита на народот).

Loading...

Шодер бил еден од тројцата во групата на Методија Антов – Тоте од каде се очекувале вестите за тоа која е најслабата точка на непријателскиот фронт, за кумановската група да се пробие и замине на Скопска Црона Гора, а потоа и во Скопје и да воспостави ред и мир во градот, за да подоцна во Скопје може да влезе XII бригада.

Групата имала тројца членови: Методија Антов Тоте, началник на ОЗНА, Владо од Љубодраг и Драги Шодер.

„И додека ние седевме во Штабот од каде се раководеше со операциите, влезе курир и соопшти дека фронтот е пробиен, Германците се повлекуваат и патот за Куманово е слободен.

Не чекајќи ниту миг, ние тројцата веднаш се качивме на коњи и се упативме преку надојдената Пчиња. Коњите вриштеа под нас. И во тие моменти, не мислејќи на било што друго, освен што поскоро да стигнеме во Куманово, на средината на Пчиња наидовме на ископина, сигурно од некоја граната. Коњите запливаа. Јас и Владо се задржавме некако на нивните плеќи, а Тоте се најде во водата која го понесе. Прекален да се снаоѓа најдобро во секој тежок момент, Тоте и овој пат не се збуни. Ја зграби опашката на коњот, кој дотогаш пливаше кон спротивниот брег и заедно со него, изморен ја преплива Пчиња.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пакетчиња од Општина Куманово за децата без родители и родителска грижа

Иако студено, а ние мокри не мислевме на тоа. Коњите повотрно затрчаа. Наидовме на мински полиња, но бидејќи претовно бевме запознаени каде се поставени, среќно минавме и можеби за само половина час, се најдовме во Куманово.

Градот се уште беше зачмаен. Одејќи со коњите по патот откај Доброшане, проевскиот сокак беше пуст. Овде-онде среќававме по некој човек кој радосно не дочекуваше и гласно извикуваше: „Партизани, партизани“. А кога стасавме на плоштадот, се наосбраа маса граѓани ир адосно со слободарски повици не поздравуваа. Бев на 18 години и најмлад во групата.

По некоку часа проведени со граѓаните, се упативме во нашите куќи за да веднаш потоа излеземе и присуствуваме во извршувањето на задачите. За нас Куманово се уште не беше слободно, зашто во него и натаму останаа непријателски настроени граѓани, предавници и шпиони.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Меѓународна изложба на уметничка фотографија МОТУС во Куманово

Еден од многуте непријателски елементи што дејствуваа во градот и кои се закануваат да ја урнатслободата беше и веќе добро познатиот бај Крсто Коњушки. Задачата ми падна мене. Крсто Коњушки мора да се затвори и ликвидира. Тоа беше вечерта на 11 ноември. Во градот веќе имаше бугарска и партизанска војска.

Со шмајзер на градите се упатив во куќата на Крсто Коњушки. Уште на влезот слушнав песни, а кога ја отворив вратата внатре затеков околу 20 бугарски старешини и војници кои пиеја и се веселеа заедно со домаќинот, прославувајќи ја слободата.

Крсто Коњушки го повикав во соседната соба, и го замолив да ми го даде пиштолот и другото оружје што го има, оти сме сега слободни и нема да му биде потребно. Крсто не се спротивстави, го извади пиштолот, две бомби и триесетина куршуми и ми ги даде. Во тоа време влезе неговата ќерка и запраша во што е работата, но јас и реков дека сум само по оружјето и се ќе заврши добро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плато за „street workout“ поставено кај Соколана (ФОТО)

Потоа го замолив Крсто да ме изведе до вратата на улицата.

Откако „испливавме“ од собите, кога стасавме до вратата на улицата јас го извадив шмајзерот и го потерав кон зградата на ОЗНА. Крсто беше вчуденовиден, но од брзата интервенција немаше што да прави.

Веднаш по неговото затворање дојдоа Бугарите во ОЗНА да го бараат, но си интервенција на Тоте, заедно со командата на бугарската војска и тие беа затворени.

Според сеќавањето на Драги Илиевски

Извор: „Наш весник“ број 147 (сабота, 11. ноември 1967. година)

Loading...