19 медали за КБК „Предатор“ од првото национално кик-бокс првенство (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Борците на Кик бокс клубот „Предатор“ од Куманово освоија 19 медали на првото национално кик-бокс првенство во Македонија.

Loading...

Од 28 натпреварувачи со кои учествуваше клубот, освоени се вкупно 19 медали од кои пет златни, четири сребрени и 10 бронзени.

 

 

Со злато се закитија Матеј Ѓорѓи Николовски во категоријата деца, Марко Бојковски во категоријата помлад кадет, во категоријата постар кадет брилираа Христина Бојковска и Милан Лазаревски, додека злато во конкуренцијата помлад јуниор замина во рацете на Филип Јакимовски.

Михаил Симоновски во категоријата помлад кадет освои сребрен медал, додека во категоријата постар кадет Ива Јаќимовиќ и Ева Милановска. Во сениорска конкуренција среброто го освои Стефан Јовчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

 

Loading...

 

Клубот се врати и со десет бронзени медали. Во детска конкуренција го освои Јован Симоновски, во категоријата помлад кадет Тамара Ристовска, додека во постар кадет среброто го освоија Димитар Давитковски, Христијан Ѓоргиевски и Мила Димчевска. Брилираа и јуниорите Стефанија Стојановска и Андреа Георгиевска, како и Јосиф Велковски како помлад јуниор. Кај сениорите повторно медал освои Стефан Јовчевски.

Без медали, но со извонредна пожртвуваност за клубот, настапија и Јован Трајковски, Вилиам Трајковски, Милош Лазаревски, Јаков Димковиќ, Данило Методиевски, Влатко Димковски, Милан Миливојевски, Данило Ѓуриќ и Леонид Аскелиевски.

 

 

Тренерите Стефан Ристовски, Стефан Максимовски, Теодора Димковска, Симона Денковиќ и Луна Димитриевска, велат дека се горди на постигнатите успеси на клубот и се надеваат дека ова е само почеток на една успешна година која ќе претстои на домашните и меѓународните натпреварувања.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато

Клубот веќе утре заминува за Хрватска на Европскиот куп во Загреб на кој ќе учествуваат Јосиф Велковски и актуелниот светски вицешампион Данило Методиевски под тренерска палка на Јован Крстевски.

 

 

Европскиот куп ќе се одржи од 15 до 18 февруари во Загреб, на кој се очекува да учествуваат околу 2.500 натпреварувачи од целиот континент.

Никола Ивановски / фото: Бојан Николовски