Вкупно 16 литри дожд на метар квадратен регистрирале мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи во кумановскиот регион во текот на изминатите 24 часа.
Најмногу дожд, вкупно 82 литри наврнале во Маврово, 62 во Крушево, а најмалку во Бероволо каде паднале само два литри на метар квадратен.
Врнежливото време ќе се задржи и во текот на денот. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава. Кон крајот на денот ќе има намалување на интензитетот на врнежи.
Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.