14-месечно бебе од Куманово се затруло со средство за чистење

Сподели со своите пријатели

Четиринаесетмесечно бебе од Куманово вчеравечер било донесено во кумановската болница со откако се затруло со средство за чистење.

– На 10.06.2026 во 20:14 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 14-месечено дете од Куманово кое било затруено од средство за чистење, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, извршен бил службен разговор со мајката на детето, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  62-годишен кумановец повреден при извршување работни задачи