Кумановец со мотор удрил во карпа кај Страцин, добил тешки повреди

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако со својот мотор удрил во карпа кај селото Страцин.

– На 10.06.2026 во 18:35 часот во ОВР Кратово е пријавено дека магистралниот пат с.Страцин, кратовско, кај место викано „Поповски рид“, М.Т.(21) од Куманово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во карпа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: „Краста“ ќе стане претоварна станица за новата регионална депонија

Никола Ивановски