116 ЗАГИНАТИ: Расте бројот на жртви од ураганот Хелена

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати од ураганот Хелена, кој го погоди југоисточниот дел на САД, се искачи на 116, оставајќи илјадници луѓе без покрив над главата во погодените области.

Loading...

Официјалните лица брзаат да испорачаат основни материјали за настраданото население, да го обноват снабдувањето со електрична енергија и да ги расчистат блокираните патишта, пренесува CBS News.

Ураганот Хелена предизвика големи разурнувања и прекин на електричната енергија за неколку милиони луѓе.

Невремето го зафати копното во четвртокот вечерта на брегот на Биг Бенд, Флорида, а Хелен е третиот ураган што ја погодил областа во последните 13 месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 500 луѓе останаа без покрив над главата во пожар во зграда кај Варшава

Американскиот претседател Џо Бајден во неделата вечерта доби извештај за последиците од разорната бура на огромен дел од јужниот дел на САД и најави дека оваа недела ќе ги посети областите погодени од ураганот.

Белата куќа објави и дека потпретседателката Камала Харис ќе ги посети областите погодени од невремето „што е можно поскоро“.

Потпретседателката на САД одлучи да ја прекине кампањата во сојузната држава Навара и денеска да се врати во Вашингтон на брифинг за одговорот на последиците од ураганот Хелена, соопшти Белата куќа.

 

Loading...