11 лица повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 11 лица биле повредени во сообраќајка помеѓу комбе и автомобил на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај месноста Света Мина.

Loading...

– На 23.09.2024 околу 22.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово –Свети Николе и бул.„Трета македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(21) од Куманово и возило комбе „фолксваген крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(53) од Свети Николе, по што возилото „форд“ удрило во запрено патничко возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(35) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и се заканувал на полицајци во СВР Куманово

Во незгодата, како што додаваат од МВР, со телесни повреди се здобиле возачите А.Ѓ. и М.Т. и девет сопатници од возилото „крафтер“, констатирани во болницата во Куманово.

Директорот на Општа болница Куманово Стефан Трајановски вели дека сите повредени се со полесни телесни повреди.

– Сите се со лесни телесни повреди. Само еден пациент беше сомнителен поради повредите и тој беше компјутерски снимен и по опсервација е пуштен на домашно лекување со лесни повреди, изјави директорот Трајановски.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски