109 случаи на грип изминатата недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 109 случаи на сезонски грип биле регистрирани во текот на изминатата недела на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово.

Loading...

Како што информираат од Институтот за јавно здравје, во текот на 6-та недела од 2025 година (03-09.02.2025) се пријавени 2.880 случао на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 5,1% помалку во споредба со претходната недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 6-та недела од минатата сезона е зголемен за 53,6%.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.552 лица се на возраст од 15-64 години, 685 кај деца на возраст од 5-14 години, 371 кај деца на возраст од 0-4 години и 272 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советот бара построги контроли против ноќните излегувања на малолетници (ВИДЕО)

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 692, Струмица – 333, Битола – 304, Свети Николе – 158, Охрид – 141, Велес – 140, Радовиш – 122, Кавадарци – 109, Куманово – 109, а во останатите, бројот на заболени е ≤100.

Во една извештајна единица која пријави случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во 8 – сезонска, во 6 – средна, во 6 – висока, а во седум (Ресен, Демир Хисар, Кратово, Свети Николе, Неготино, Радовиш, Струмица) – многу висока активност на вирусот на грип.

Никола Ивановски

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена додека работела во угостителски објект