10 загинати во пожар во куќа во Пенсилванија, меѓу нив и деца

Сподели со своите пријатели

Десет лица, меѓу кои три мали деца, загинаа во пожар во куќа во петокот наутро во руралните делови на источна Пенсилванија, соопшти државната полиција, пренесе Ројтерс.

Loading...

Пожарот избувнал околу 2:45 часот по полноќ во Нескопек, мала земјоделска заедница во округот Луцерн покрај реката Сускехана во североисточниот агол на Пенсилванија.

Телата на сите 10 жртви се пронајдени во урнатините на куќата.

Меѓу загинатите има седум возрасни лица на возраст од 18 до 79 години, заедно со тројца малолетници – две момчиња на возраст од пет и шест години и едно седумгодишно девојче, соопшти локалната полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата Лав XIV повика на ослободување на притворените новинари

Тројца возрасни лица ја напуштиле куќата неповредени, се вели во соопштението на полицијата.

Засега нема официјални детали за околностите или потеклото на пожарот што ја уништи двокатницата.