22.11.2017 11:55

Наместо во септември, градинка во Пионерскиот дом кон крајот на годинава


Пионерскиот дом во септември требаше да стане детска градинка, но пуштањето на употреба на овој објект е одложен за до крајот на годината. Како што велат надлежните, отворањето на реконструираниот дел доцни поради проблеми со затоплувањето.

Техничкиот прием е направен треба да се довршат уште некои работи околу затоплувањето, така да надеваме дека до крајот на годината ќе започне со работа, изјави директорката Марина Алексовска.

Кон почетокот на август започна реконструкцијата на Домот на пионерите во Куманово, истиот е предвиден на приземните простории да понуди сместување на 85 дечиња на возраст од две до шест години.

Како што тогаш најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска реконструкцијата на објектот ќе чини 3,5 милиони денари и истиот ќе биде предаден на користење на Општина Куманово.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments