Зрно од огнено оружје оштетило влезна врата на кумановец

Сподели со своите пријатели

Жител на кумановското село Љубодраг пријавил дека зрно од огнено оружје му ги оштетило влезните врата.

Loading...

– На 20.07.2024 во 22.40 часот во СВР Куманово, Д.А. од село Љубодраг, кумановско, пријавил дека пред влезната врата од неговиот дом во село Љубодраг пронашол зрно од огнено оружје кое му оштетило стакло од влезната врата, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат оттаму, увид извршила екипа од СВР Куманово, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци обивале и краделе од автомобили, полицијата ги приведе