„Ден без панталони“ се одржува секоја година во јануари. На тој ден, многу луѓе, главно во САД и Велика Британија, одат на работа – без панталони.
Тоа се случи и денеска, кога стотици луѓе беа снимени без панталони во лондонското метро.
Годинава во иницијативата учествуваа 60 градови.
Се започна пред 12 години како шега на седум момци, а набрзо стана годишна прослава на лудоста.
Настанот го креираше групата „Improve Everywhere“ од Њујорк.
Точниот датум се менува секоја година, а на кој ден тимот ќе се шета по подземното метро без панталони, ќе се знае во декември.
Идејата зад „Ден без панталони“ е прилично едноставна.
Патниците влегуваат во метрото на различни станици без панталони среде зима.
Освен тоа, тие се однесуваат нормално и сите носат зимска облека, јакни, капи, ракавици и шалови, но не и панталони.
Како што додава британски Метро, сите лондончани знаат дека иако е „слободен стил“, постојат одредени непишани правила за учество.
Меѓу правилата е да не зјапате во другите и да избегнувате контакт со очите.
Исто така, не е дозволена проѕирна или премногу оскудна облека како танга или манкини (костимот што го носи Борат).
А подготовката на настанот е специфична.
Организаторот – The Stiff Upper Lip Society секоја година ја чува патеката на возење во тајност.
Оваа година, пристигнувањето во Чајнатаун беше единствениот начин за заинтересираните да се приклучат на возењето.