За да разбереме дека некој е среќен, ние несвесно го имитираме неговиот израз на лицето, евоцирајќи спомени за нашата сопствена радост. Ова е резултат на истражување на Универзитетот во Висконсин, кое вели дека емпатијата доаѓа преку несвесна мимикрија на лицето.
Психолозите од овој универзитет кои го спровеле ова истражување, велат дека оваа постапка се случува во секоја ситуација во која се чита туѓо лице.
По ваквото читање, многу суптилно и несвесно го пробуваме истиот израз, а разбирањето на емотивното значење доаѓа за неколку десетици секунди. Ова ја објаснува и заразноста на смеата,.
Проблеми се јавуваат ако е намалена способноста за имитација или ако е отежната перцепцијата на туѓите лица. Психолозите откриле дека разни феномени кои го отежнуваат изразот на лицето, како парализа на лицето или оштетување на нервите поради пластична операција, исто така предизвикуваат проблеми со емпатијата.
Луѓето со аутизам имаат поинаков проблем – најчесто недостаток на контакт со очите. Меѓутоа, доколку внимателно се предизвика, резултатот може да биде спонтана или автоматска мимикрија на лицето.
Еден од главните извори на популарност на оваа тема е откривањето на т.н. огледални неврони, кои се активираат на ист начин без разлика дали соодветната активност е извршена или само набљудувана.