Зошто се чешаме по главата додека размислуваме?

Сподели со своите пријатели

Во ситуации во кои треба за нешто добро да размислиме, често се чешаме по главата или барем ја допираме и тоа целосно несвесно.

Loading...

Во прашање е автоматско дејствување, но фактот дека тој потез во детството почнуваме да го поврзуваме со размислувањето, затоа што ликовите во цртаните филмови обично се чешкаат по глава додека размислуваат.

Сутиации во кои треба добро да размислиме пред нешто да кажеме или направиме, нашиот мозок ги доживува како стресни, а секој облик на несвесно допирање е обид самите да се смириме, охрабриме или утешиме, велат психолозите.

Чешкањето по главата е низа од несвесни движења со кои се обидуваме да го ублажиме тој стрес.

Луѓето учат на три начини, со слушање, гледање и допир, а невропсихолозите сметаат дека лицата кои додека размислуваат се чешаат по глава често најдобро учат по пат на добир или движење.

Според таа теорија, оние кои учат со гледање или читање на пример, во моментите на фокусирано размислување ќе го насочат својот поглед во далечина или височина, додека лицата кои учат и паметат слушаат во такви ситуации допирајќи си го увото.

Тоа се техники кои ни помагаат да се присетиме на наученото или да се повикаме на претходни искуства кои би можеле да ни помогнат да донесеме најдобра одлука.

Leave a Reply