Акните на ушите може да се иритирачки и болни, но не паѓајте во искушение да ги стиснете.
Дури и да ги измиете прстите, под ноктите сигурно има микроби, кои можат да се појават местото, особено кога ќе се “отвори” при притисок, тврди д-р Џоел Коен, дерматолог од Чикаго. Наместо тоа користете памук, натопете го во 10% пероксид гел директно на мозолчињата.
Бензил пероксидот има антиинфламаторни и антибактериски својства кои ги спречуваат мозолчињата да се надујат и го избришат гнојот на деликатен начин, уште пред да е појавено врвче. За превенција од непријатните израстоци во оваа област, треба да се подигне нивото на хигиената на ушите, советува д-р Дерик – дерматолог од Универзитетот во Нортуестерн.
“Создадете навика да ги миете нежно ушите, додека го чистите вашето лице. Потоа бришете со крпа и нанесете со памук некој медикамент кој содржи салицилна киселина. Таа ги отвора порите и ги чисти пред да се затнат со себум “, објасни тој.
Не заборавајте да ја исчистите и слушалката! Натопете памук со алкохол и поминете ја нивната површина. Направете го тоа еднаш неделно.