Зошто Франција форсира нуклеарки?

Сподели со своите пријатели

Франција, како и другите европски земји, со недели врие на температури над 40 целзиусови степени.

Loading...

Во многу региони има недостиг од вода за пиење, почвата е исушена, шумите горат.

Топлотниот бран е голем проблем и за француските нуклеарни централи, пишува ДВ.

Околу една петтина од 56-те реактори всушност би морале да се затворат или барем да ја намалат работата на минимум – затоа што реките во кои ја испуштаат загреаната вода што се користи за ладење на реакторите се едноставно премногу топли.

Но, француската влада го суспендираше тоа правило, барем до 11 септември.

На тоа очигледно била принудена, меѓу другото, и поради фактот што повеќе од половина од француските нуклеарни централи не работат неколку месеци, поради планирани и непланирани работи за одржување.

Во Франција, во нормални околности, нуклеарните централи се одговорни за покривање на околу 70% од сопствените енергетски потреби. Тоа е рекорд во светот.

Дури и актуелните проблеми не треба да ја доведуваат во прашање националната енергетска стратегија. Иако предизвикува незадоволство кај многумина.

Loading...

Голфех на југозападот на Франција е една од оние нуклеарни централи со посебна дозвола за работа. Еден од двата реактори моментално не е во функција.

Исто како и со другите единаесет француски реактори, во Голфех пред неколку месеци открија корозија и мали дупки во цевките кои се релевантни за безбедноста на реакторот.

Вториот реактор функционира и покрај жешкото лето.

„Едноставно не разбирам како може да се одржува фабриката ако има катастрофални последици за екосистемот“, вели за ДВ Жан-Пјер Делфау, член на еколошката организација FNE86.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија работат 820.000 вработени од земјите кои се приклучија на ЕУ во 2004 година

Нуклеарки и нерамнотежа на екосистемот

„Поради жештините, во моментов и онака многу помалку вода тече низ реката Гарона, помалку отколку во нормални околности. Голфех ја користи водата од реката за ладење, дел од неа испарува, што значи дека помалку вода завршува во реката. таа вода е шест степени потопла од порано. Така, реката дополнително се загрева, а тоа ги уништува микроалгите. Тие се храна за некои мали риби, а малите риби се храна за поголемите риби. Целиот синџир на исхрана е исфрлен од рамнотежа” вели Делфау со лут глас.

79-годишникот е противник на нуклеарната енергија веќе 50 години. Тој уште пред почетокот на изградбата на Голфеч учествуваше во протестите против тој проект.

„И повеќе бактерии се развиваат во топла вода. А потоа мора да се користат повеќе хемикалии пред да можете да ја користите таа вода како вода од чешма. И потоа ги пиеме тие хемикалии“, додава тој.

Енергетскиот концерн ЕДФ, кој е одговорен за сите француски нуклеарни реактори, го одби барањето на ДВ за интервју.

Loading...

Во електронската пошта испратена од портпаролката на компанијата се наведува дека се работи за „вонредна ситуација“, како и дека досегашните примероци на лице место не покажале штетно влијание врз флората и фауната во близина на реакторот.

Сегашните компликации, се чини, нема да предизвикаат егзистенцијална криза во францускиот нуклеарен сектор.

Владата има намера наскоро целосно да го национализира ЕДФ, односно планира да изгради нови реактори.

Нови нуклеарки, нови прашања

И тоа отвора нови прашања за Ана Крети. Таа е директор на Катедрата за климатска економија на Универзитетот Дофин во Париз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината

„Неразбирливо е како сето ова треба да функционира технолошки, особено на толку краток рок“, вели таа за ДВ.

„Владата се фокусира на таканаречените модуларни реактори, за кои досега има околу 40 технологии, од кои сите сѐ уште се во пилот фаза. Можеби ќе бидат потребни уште пет до десет години додека да имаме модел кој е подготвен да да се пласира на пазарот“.

Франција планира да пушти во употреба дополнителни EPR-реактори од понова генерација, но има бројни проблеми и со нивната изградба.

Единствениот француски реактор EPR се наоѓа на север, кој се гради во Фламанвил, а според ЕДФ досега чинел 13 милијарди евра.Тоа е четири пати повеќе од планираното.

Loading...

Судејќи според изјавите на Националниот завод за ревизија, трошоците веќе се искачија на повеќе од 19 милијарди евра.

Пуштањето во употреба е закажано за следната година, десет години по првичниот рок. Судејќи според извештаите, има компликации со изградбата на ИПР во Велика Британија, Кина и Финска.

И како и да е, француската влада резервира 150 милијарди евра за нуклеарниот сектор, за одржување на постојните и за изградба на нови нуклеарни централи.

„Во областа на обновливите извори на енергија нема сличен инвестициски напредок. Иако Владата работи на закон со кој треба да се забрза реализацијата на проектите од областа на обновливите извори на енергија. И оваа технологија е подготвена за имплементација на пазарот, а трошоците значително се намалија во последните години“, додава Крети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија работат 820.000 вработени од земјите кои се приклучија на ЕУ во 2004 година

Франција е единствената европска земја која не ги постигнала своите цели во однос на обновливите извори на енергија за 2020 година: било планирано тие да сочинуваат 23% од енергетскиот микс, но во реалноста тие сочинуваат само 19% од вкупната произведена енергија.

Причини за нуклеарките

Но, постојат причини за таква стратегија, забележува Кристијан Егенхофер од бриселскиот тинк-тенк CEPS (Центар за европска политика).

Loading...

„Франција инвестира во атомска енергија во рамките на таканаречената стратешка автономија. Ни требаат научници од нуклеарниот сектор, ни требаат инженери да одржуваат околу 100 нуклеарни централи во Европа. Во спротивно, овие работни места би требало да бидат препуштени на американски, кинески или корејски специјалисти, а тоа би претставувало безбедносен проблем“, објаснува овој експерт во интервју за ДВ.

Целта на Европа е стратешка автономија во одбранбениот сектор, но и во енергетскиот сектор, што значи дека континентот не сака да биде зависен од другите во овие работи.

„Франција има проблем и со електричната мрежа. Се е централизирано околу Париз, таму се троши најголем дел од електричната енергија. Струјата се транспортира до главниот град, а потоа струјата од Париз се испраќа во другите делови на земјата“, вели Егенхофер.

„За обновливите извори на енергија би ни требала децентрализирана мрежа, а нејзината изградба може да потрае неколку години“.

Но, Егенхофер се сомнева и дека Франција ќе може да изгради нови реактори.

Loading...

Тој смета дека долгорочно и таа земја ќе се „префрли“ на обновливи извори на енергија.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.