Европската Унија прави стратешка грешка со предложените намалувања на својот иден буџет, предупреди синоќа францускиот претседател Емануел Макрон на самитот во Брисел.
„Ќе се соочиме со пад на европските јавни инвестиции во споредба со Кина и Соединетите Американски Држави“, рече Макрон, како што објави весникот „Фигаро“.
Вчера, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, презентираше нов предлог за долгорочниот буџет (MFF) на Европската Унија за периодот 2028-2034 година, кој предвидува намалување од 204 милијарди евра, односно околу 10 проценти во споредба со оригиналниот предлог на Европската комисија (ЕК), со воведување нови извори на приходи, вклучително и данок на големите дигитални компании, со цел да се обезбеди финансирање на приоритетите на Унијата и да се одржат националните придонеси на земјите-членки на прифатливо ниво.

