Зошто Чешка „сака да го анектира“ рускиот Калининград?

Сподели со своите пријатели

Чесите деновиве се забавуваат на социјалните мрежи со сатирична петиција за распишување референдум во Калининград со цел таа руска ексклава да се приклучи кон Чешка.

Loading...

Хумористична онлајн петиција, заснована на идеја првпат предложена од полски корисник на Твитер, е потпишана од 6.500 луѓе, јавуваат чешките медиуми.

– Време е да се подели Калининград за нашите чешки браќа конечно да добијат пристап до морето – порача корисник од Полска на Твитер, заедно со мапата на која северниот дел на Калининградската област и припаѓа на Чешка.

Калининград е основан во чест на чешкиот крал Пшемишл Отакар II во 13 век, а причината за петицијата се неодамнешните референдуми за приклучување кон Русија во четири украински региони (Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје) и нивното последователно анексирање од Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британски институт: Русите користат застарени мапи и по грешка пукаат во сопствените војници

Чесите сега се натпреваруваат во ставање смешни мемиња и измислување слогани, меѓу кои „Направи го Калининград повторно чешки“, „Калининград е Чешка“ и „Краловец (чешкото име за Калининград) е наш“.

Некои објавуваат и приказни за тоа како одлично се забавувале на плажите во Калининград сега кога имаат свое море и не мораат повеќе да одат во Хрватска.

Меѓу другото, Чесите на социјалните мрежи објавуваат „вест“ дека во руската ексклава се одржал референдум на кој повеќе од 100 отсто од жителите гласале за анексија на таа област Чешка.