Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува да ја претвора програмата во конкретни резултати за граѓаните.
Кирил Манчев, директор на ЈЗУ Здравствен дом Струмица, денеска го презентираше отчетот за досегашното работење, со акцент на унапредувањето на здравствените услуги, подобрувањето на условите за работа и зајакнувањето на капацитетите на установата.
Во согласност со програмските определби на Движењето ЗНАМ, работата е насочена кон подобри услови, современа медицинска опрема, соодветен кадар и континуирана едукација на здравствените работници.
Меѓу најзначајните резултати се реконструкцијата на два објекта во Ново Село, Центарот за ментално здравје и влезот во објектот на Старата болница во Струмица, обновувањето на системите за греење и хидрантската мрежа, како и набавката на нова медицинска опрема.
Особено значаен резултат е повторното ставање во функција на дежурната служба во општина Ново Село, по повеќе од седум години нефункционалност, со што се унапредува достапноста на здравствената заштита за локалното население.
Паралелно, се инвестира во човечкиот капитал преку стручни и меѓународни обуки, вклучително и соработката со Европскиот ресусцитациски совет.
Дополнително, преку проектот „HART SAFE CBA“, вреден над 600.000 евра и поддржан од Европската Унија, се предвидува набавка на четири современи санитетски возила со целосна опрема за општините Гевгелија, Валандово, Струмица и Радовиш.
Проектот опфаќа и обуки на здравствени работници за примена на современи методи во итната медицинска помош.
Здравствениот дом Струмица обезбедува примарна здравствена заштита за повеќе од 100.000 жители во 72 населени места, што ја потврдува важноста на вложувањата во неговото функционирање и развој.
Од Движење ЗНАМ порачуваме дека одговорното управување значи работа на терен, конкретни резултати и отчет пред граѓаните.
Преземената функција не е привилегија, туку обврска да се исполнуваат ветувањата и да се работи во интерес на јавниот интерес.
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија останува посветено на политиката на одговорност, домаќинско работење и мерливи резултати, со цел граѓаните да добијат поквалитетни, подостапни и посигурни здравствени услуги.
Интегрално соопштение

