Ракометарките на Куманово со убедлива победа го стартуваа походот во домашната лига, откако на гостински терен вчера ја совладаа екипата на ЖРК Деспина од Прилеп со резултат 22:31.
Кумановки прикажаа квалитетна игра во првото полувреме кога направија и големо водство со осум голови разлика, односно резултат 10:18.
Второто полувреме го завршија рутински и ги впишаа првите три поени во табелата.
Извонредна игра од составот на ЖРК Куманово прикажа црногорската интернационалка, Ана Шарановиќ која реализираше 7 погодоци, а со еден помалку на листата најдобри се впиша и младата Мила Трајковиќ.
Во домашниот состав со шест голови најефикасна беше Ангела Камческа, а со гол помалку Сашка Филипоска.
Следниот меч го играат в сабота на домашен терен против ЖРК Стружанка.