ЖРК Куманово пред празни трибини против Кузман Вардар Илинден

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово вечерва го пречекуваат составот на ЖРК Кузман Вардар Илинден во рамките на 15то коло од женската лига.

Loading...

Мечот ќе се одигра пред празни трибни, но и секој следен во наредните 30 дена, согласно одлуката на Федерацијата, а по препорака на Владата на Република Северна Македонија, сите спортски настани да се играат без публика со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.

Натпреварот започнува вечерва во 20 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Кумановки и во овој меч влегуваат како фаворити и се очекува да го зацврстат лидерското место во табелата.

Никола Ивановски

Leave a Reply