ЖКК Куманово ја совлада Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на Куманово впишаа нова победа на домашен терен овој пат против составот на ЖКК Крива Паланка.

Loading...

Во вчерашната средба кумановки беа подобри од својот конкурент од регионот, па така средбата заврши со резултат 69:48 и нови бодови во табелата за ЖКК Куманово.

Најпрецизни во домашниот состав беa Снежана Алексиќ со 23 поени и Џезмин Џонсон со 17 поени, а најмногу скокови под кошот имаше Теа Алексовска.

Ова е трета победа за кумановки од четири одиграни натпревари досега.

Никола Ивановски