Животот во Куманово застана (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Куманово денеска е непрепознатливо. Само звукот на дождот можеше да се слушне во централното градско подрачје, граѓаните се дома, и го почитуваат полицискиот час кој започна вчеравечер, а ќе трае до понеделник.

По вчерашните турканици пред маркетите, кумановци денеска се дома и таму треба да останат следните десетина часови, со цел да се намали ширењето на коронавирусот.

Loading...

Непослушноста кон препораките за намалено движење, резултираше со долгиот полициски час, кој од понеделник ќе започнува во 16 часот напладне.

Необично тивка сабота за Куманово, каде викендите отсекогаш биле преполни со луѓе. Коронавирусот ги затвори дома сите, но ќе издржиме и ќе победиме.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *