Триесет и шестгодишник од Куманово бил приведен вчера по пријава дека со остар предмет се обидел да го нападне неговиот брат.
– На 16.07.2026 во 11:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ш.Б. (36) од Куманово, затоа што се обидел со остар предмет да го нападне неговиот брат, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

